Додај ја облеката
Фотографирај ги парчињата и создај своја дигитална гардероба на едно место.
Запознај го STYLE.ME — идеја за паметен моден асистент што ќе ти помага да создаваш нови комбинации од облеката што веќе ја имаш и да купуваш со причина.
Идеја во развој · Твојот глас ни помага да продолжиме
Познато ти е чувството „немам што да облечам“, иако гардеробата е полна? STYLE.ME замислува дигитална гардероба што ќе ја организира твојата облека и ќе открива комбинации што досега не си ги пробал/а.
Повеќе идеи од облеката што ја поседуваш.
Предлози според твојот стил, пригодата и времето.
Промислен избор кога ќе посакаш нешто ново.
Едноставен пат од облеката што ја имаш до комбинација што ти одговара.
Фотографирај ги парчињата и создај своја дигитална гардероба на едно место.
Добиј предлози што ги поврзуваат твојот вкус, пригодата и облеката што веќе ја поседуваш.
Откриј кои парчиња навистина би ја надополниле твојата гардероба.
Замисли апликација што не ти предлага облека само затоа што е во тренд. Наместо тоа, таа ќе разгледа што веќе имаш и ќе ти покаже како новото парче би се вклопило во твојата гардероба.
Помалку импулсивни купувања. Повеќе комбинации што навистина ќе ги носиш.
Не ти треба нова гардероба за нов поглед кон твојот стил.
STYLE.ME — ТВОЈАТА ГАРДЕРОБА. ТВОЈОТ СТИЛ.STYLE.ME учествува на натпревар за ученички бизнис идеи. Твојот глас ќе ни помогне да ја развиваме оваа визија.
Гласај за STYLE.ME Ќе се отвори страницата на натпреварот.Тука ќе ги претставиме поддржувачите на идејата.
Логоата ќе бидат додадени по потврда од поддржувачите.